Песков: Шишето од кое пиел Навални би можело да биде доказ, но е изнесено од Русија
Слободен печат
Пред
EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL
Кремљ денеска соопшти дека шишето вода од хотелската соба на опозицискиот лидер Алексеј Навални, каде биле пронајдени траги од Новичок, можело да биде доказ во случајот, но наместо тоа соработниците на Навални го однеле од Русија.
Тимот на Навални вчера објави дека шишето вода од хотелската соба во Томск, каде што престојувал Навални минатиот месец, е однесено во Германија и на него се пронајдени траги од нервниот отров Новичок.
Како што јави Ројтерс, видеото ги прикажува членовите на тимот на Навални како ја пребаруваат неговата хотелска соба на 20 август, еден час откако му се слоши.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека руските експерти не можат да го проучуваат шишето со вода и затоа Москва не може да го коментира случајот.
,,Не можеме да го објасниме тоа, бидејќи, како што знаете, ова шише, доколку постоело, е однесено во Германија или на некое друго место. Нешто што можеше да стане доказ за труење, за жал, е изнесено од земјата. Тоа покренува дополнително прашање – зошто? ” – рече Песков.
„Има премногу апсурди во оваа приказна за да се земе некој збор здраво за готово“, додаде тој.
Русија вели дека и требаат повеќе докази пред да започне официјална кривична истрага за случајот Навални и побара од Германија да и ги предаде медицинските податоци на Навални за анализа.
Сојузниците на Навални велат дека соодветната истрага за случајот ќе открие дека Кремљ, претседателот Владимир Путин и безбедносните служби на Русија се одговорни за труењето на опозицискиот политичар.
Кремљ ги нарече обвинувањата неосновани и рече дека нема смисла да се труе Навални, а потоа да му се дозволи да замине на лекување во друга земја, каде што може да се откријат трагите од труење.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Доскорешниот премиер, до пред формирањето на техничка влада, и актуелен претседател на СДСМ Димитар Ковачевски е гостин во поткастот „Политиканти“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга, а непосредно по првиот круг претседателски избори имаа за што да разговараат за Ковачевски. Ако …
Доскорешниот премиер, до пред формирањето на техничка влада, и актуелен претседател на СДСМ Димитар Ковачевски е гостин во поткастот „Политиканти“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга, а непосредно по првиот круг претседателски избори имаа за што да разговараат за Ковачевски. Ако …