Дмитри Песков / Фото EPA-EFE/PAVEL BEDNYAKOV/SPUTNIK

Песков: Доколку Русија не ги постигне своите цели по мирен пат, конфликтот ќе продолжи

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес предупреди дека доколку Русија не успее мирно да ги постигне своите цели во Украина, „ќе се продолжи со специјална воена операција“.

„Доколку не сме во можност мирно да го решиме проблемот и да ги постигнеме нашите цели, ќе продолжиме со нашата работа и ќе направиме сè што е потребно за да ги заштитиме нашите интереси. Воената операција ќе продолжи“, рече Песков за тамошните медиуми.

Тој посочи на позитивниот напредок на руските вооружени сили „на терен“.

Според него, Москва се надева дека процесот на преговори за украинското решение ќе „добие моментум“ и дека темпото на преговорите за предлозите на САД ќе се забрза.

Песков истакна дека Москва е подготвена да започне сериозна работа врз основа на нацрт-договорот подготвен од Вашингтон и дека ставот на Русија останува непроменет по договорите постигнати за време на самитот Русија-САД во Анкориџ, пренесува „Танјуг“.

„Ставот на Москва во моментов е сосема јасен, сосема е разбирлив и не се очекуваат промени. Иако, се разбира, ние сме подготвени да покажеме флексибилност за да најдеме решение“, заклучи Песков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот