ПЕС: Заев демонстрира храброст и лидерство додека бара начин за излез од ќор-сокакот со Бугарија

Image: 421374573, License: Rights-managed, Restrictions: Contributor usage restriction: Advertising and promotion, Consumer goods, Direct mail and brochures, Indoor display, Internal business usage, Commercial electronic., Model Release: no, Credit line: ALEXANDROS MICHAILIDIS / Alamy / Alamy / Profimedia

„Партијата на европските социјалисти е разочарана што преговорите за пристапување во ЕУ за Република Северна Македонија се соочуваат со назадување, откако бугарската влада објави дека засега го блокира процесот. Политичката мудрост на двете земји е ставена на тест – само јазикот на соработка и целосно разбирање на долгорочните перспективи во регионот можат успешно да ја надминат оваа пречка“, стои во изјавата на Претседателството на ПЕС за состојбата во процесот на пристапните преговори

-Европските социјалисти и демократи секогаш биле поддржувачи на процесот на проширување за Западен Балкан. Партијата на Европските социјалисти го поздрави одобрувањето на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија во март оваа година и нацрт-рамката за преговори претставена на земјите-членки во јули, соопштува ПЕС.

Тие изјазија надеж дека со правичен и продлабочен дијалог помеѓу Бугарија – која е земја-членка на ЕУ веќе 13 години – и Северна Македонија – која силно ја изрази својата желба да се зачлени во Унијата – ќе се најде решение во корист на обете земји.

-Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев продолжува да демонстрира храброст и лидерство додека бара начин за излез од ќор-сокакот, давајќи го првиот сигнал дека е можен ваков дијалог. Брзиот почеток на пристапните преговори позитивно ќе влијае на долгорочните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и целиот регион на Западен Балкан. Време е сите да постапат одговорно и мудро, водени од визијата за заедничка европска иднина, соопштуваат европските социјалисти.

ПЕС изрази загриженост од зголемувањето на бранот национализам и десничарската реторика и во Бугарија и во Северна Македонија.

– Луѓето во двете земји го паметат говорот на омраза во регионот за време на претходната конзервативна влада на тогашната Поранешна југословенска Република Македонија. Во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го наруши дијалогот со Бугарија, Грција и целиот регион, со што пристапувањето во ЕУ стана невозможен сон. Под нивни мандат, Северна Македонија доживеа деценија на замрзната интеграција и проблематични односи со соседните земји. Денес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да игра опасни политички игри со говор на омраза, поттикнувајќи конфронтација. Ова не е иднината што ја сакаат луѓето во Северна Македонија. Социјалдемократската влада на Зоран Заев е таа што ја водеше Северна Македонија до почетната точка на преговорите со ЕУ и тој останува најдобрата личност да го продолжи тој процес, доколку и се даде шанса на земјата, нагласуваат од Партијата на европски социјалисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот