Периконова диета: Кралицата Летиција не практикува диети кои ветуваат брзо слабеење (ФОТО)

Profimedia
Фото: Profimedia

Кралицата Летиција многу често се наоѓа на врвот на листата на најдобро облечените жени. Таа открива дека својот изглед го должи на вежбањето и на здравата исхрана, а признава дека никогаш не би пробала некоја од диетите кои ветуваат губење на килограми за многу кратко време. Таа верува во здрава исхрана и тврди дека единствено тоа дава вистински и одржливи резултати.

Се храни по принципите на периконовата диета во која се препорачуваат намирници кои имаат противвоспалителни дејства и така освен што ја одржуваат килажата, водат сметка и за добрата состојба на целиот организам.

Profimedia

 

Сите продукти се дозволени во неограничени количини, а клучот на оваа диета е во исфрлањето на шеќерот па затоа другите намирници може да ги јадете колку сакате. Пожелно е редовно внесување на риба, зеленчук и овошје, а треба да се избегнува сè што содржи брашно, шеќер или засладувачи.

Profimedia

 

Исфрлањето на шеќерот од исхраната овозможува и подобра состојба на кожата.

Кога станува збор за вежбањето, кралицата Летиција редовно оди на тренинзи на зумба, јога и пилатес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот