Пензијата на Меркел ќе биде 15.000 евра

Ангела Меркел. / Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Според проценките на Германската асоцијација на даночни обврзници, германската канцеларка Ангела Меркел ќе добива месечна пензија од речиси 15.000 евра откако ќе се повлече од функцијата.

Шеесет и седумгодишната Меркел ќе се пензионира по парламентарните избори во септември.

Пресметките се базираат на нејзиниот долг престој во Бундестагот, како и годините во кои била федерален министер и канцелар.

Како и сите поранешни германски претседатели и канцелари, така и Меркел ќе има право на своја канцеларија кога ќе ја напушти функцијата. Таа исто така ќе добие средства за менаџер на канцеларијата, двајца асистенти, дактилограф и личен возач, јави ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот