Пендаровски: Работењето на Уставниот суд е суштината на заштитата на интересите на граѓаните

Стево Пендаровски во утрински брифинг / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Претседателот на РС Македонија Стево Пендаровски денеска ќе појде на средба со претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, по покана од претседателката на  судот, а заедно со премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Ваква постава да биде свикана се случува само на Совет за безбедност. Судијката Кацарска нѐ повика да нѐ информира за тешката состојба во која се наоѓа Уставниот суд. Главниот проблем е што нема доволно судии, а наскоро нема да има ни кворум затоа што уште еден уставен судија заминува во пензија. Причината за тоа е што имаме блокада на Собранието веќе подолго време, само што е официјализирана од неодамна, а поентата на опозицијата е да има предвремени избори, вели Пендаровски за Утрински брифинг.

Тој додава дека претпоставува оти опозицијата инсистира на свои кандидати стравувајќи да не се случи партизација на Уставниот суд.

-Ако опозицијата вели дека ја интересираат интересите на граѓаните, тогаш треба да знаат дека работењето на Уставниот суд е суштината на заштитата на интересите на граѓаните, вели претседателот Пендаровски.

Државниот врв ќе слушне за проблемите со кои се соочува Уставниот суд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот