Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски / Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски утре и задутре ќе учествува на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум, насловен „Обнова на довербата” што се одржува во Давос, Швајцарската Конфедерација.

Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, предвидено е тој да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан”, на неформалниот собир на светски економски лидери „Враќање на вербата во глобалниот систем” и на официјалната вечера „Градење на Европа на утрешнината”.

На годинешниот состанок на Светскиот економски форум во Давос е предвидено учество на над 100 шефови на држави и влади, претставници на водечките меѓународни организации, како и претставници на граѓанското општество, експерти, младински претставници, социјални претприемачи и новински куќи – се вели во соопштението.

Почнува Светскиот економски форум

Овогодишниот форум, кој ќе трае до петок, се одржува под тема „Враќање на довербата“ и ќе се осврне на голем број теми поврзани со острата ескалација на геополитичките тензии и глобалните трговски грижи поврзани со Блискиот Исток. Инфлацијата и економскиот раст, војната во Украина, технолошките промени и глобалната фрагментација се исто така високо на агендата на настанот.

Меѓу највисоките политички фигури кои се очекува да присуствуваат на Давос се кинескиот премиер Ли Чијанг и францускиот претседател Емануел Макрон, и двајцата ќе имаат специјални обраќања. Макрон е единствениот шеф на државата од Г7, кој ќе учествува на форумот во Давос. Минатата година на форумот од Г7 присуствуваше само германскиот канцелар Олаф Шолц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот