Пендаровски изрази сочуство до Ердоган за загинатите во земјотресот во Турција

Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и до семејствата на загинатите во силниот земјотрес во Турција.
– Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по страшниот земјотрес што ја погоди Турција. На повредените им посакувам брзо закрепнување, напиша претседателот Пендаровски на својот официјален Фејсбук профил.
ВИДЕО | Над 300 мртви во ужасниот земјотрес во Турција и Сирија
Министерството за надворешни работи стапи во конткт со Амбасадата на Северна Македонија во Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул, кои се во постојана комуникација со надлежните институции на Турција.
Нашите ДКП-а во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732, информира МНР.
Повеќе од 300 луѓе загинаа во Сирија и во Турција во силниот земјотрес во близина на јужниот турски град Газиантеп рано утринава. Се очекува бројот на загинати да се зголемува.
ВИДЕО | Над 300 мртви во ужасниот земјотрес во Турција и Сирија
ВИДЕО | По разорниот земјотрес во Турција експлодираше гасовод