ВИДЕО | По разорниот земјотрес во Турција експлодираше гасовод

Земјотрес со јачина од 7,8 степени рано утринава ја погоди јужна Турција и според првичните податоци е почувствуван во голем дел од земјата и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија.

Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува повеќе од 520, а илјадници се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.

Според УСГС, катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер се случил во 4:17 часот по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри. Се стравува дека бројот на жртви би можел да биде многу поголем бидејќи земјотресот ги фати повеќето луѓе додека спиење.

Поради земјотресот експлозија имаше и на гасоводот во Хајат, Турција. По експлозијата избувнал пожар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот