Пендаровски и Заев сѐ уште не изразиле желба за средба со родителите кои се против дигиталните учебници

Скопје, 28 април 2021 - Фото: Слободен Печат. / Михаило Донев

Откако вчера Собранието ја отфрли иницијативата на родителите за референдум за дигиталните учебници, со образложение дека неопходните потписи биле собрани спротивно на Законот за референдум, воспитувачката Драгана Спасевска која стои зад иницијативата „Учебници и настава мора да има“ соопшти дека тие нема да застанат и ќе продолжат во борбата за укинување на дигитализацијата. 

Таа најави дека гласот на родителите нема да запре и ќе бараат нови начини да го спроведат она што го ветиле.

Родителите, покрај предлогот за референдум до Собрание, доставија и барање за работни средби со премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски, но од нивна страна одговор и натаму нема.

– Премиерот и Претседателот се уште не се изјасниле и не изразиле желба да се сретнат со нас, нагласи Спасевска.

Покрај ова, родителите кои стојат зад оваа иницијатива најавија и дека ќе продолжат со мирните протести, а во наредните денови ќе биде објавено и кога ќе се одржи следниот протестен марш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот