Пелистер го победи МЗТ во Аеродром и го остави ТФТ на врвот
Екипата на Пелистер оствари голема победа над актуелниот шампион МЗТ Скопје (74-85) на гостувањето во Аеродром, во рамки на претпоследното коло од втората фаза во Суперлигата.
Препорачано
Овој триумф има дополнителна тежина за битолчани, бидејќи станува збор за прва победа против МЗТ на гости по шест меѓусебни дуели во сите натпреварувања. Воедно, „зелените“ за првпат по 2024 година слават во Аеродром. Најголем бенефит од ваквиот исход има ТФТ, кој успеа да го задржи врвот на табелата на едно коло пред крајот.
Натпреварот започна со доминација на домаќинот, кој поведе со 13-1 и одржуваше контрола до 18-8. Сепак, Пелистер успеа да се врати и да ја намали разликата на само три поени до крајот на првата четвртина (21-18). Во вториот период, гостите го кренаа нивото на игра, влегоа во одличен шутерски ритам и заминаа на пауза со убедливи +11 (35-46).
Одморот очигледно повеќе му одговараше на МЗТ, кој со серија од 12-0 направи пресврт и повторно дојде до водство (49-46). Но, клучниот момент се случи на стартот на последната четвртина, кога Пелистер ја направи одлучувачката разлика, која во еден момент достигна и +23 поени (62-85), што беше доволно за сигурен триумф.
На повеќе од два месеци до натпреварот КФМ ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Ирска


