Пејачката Слаѓана Милошевиќ ги скршила двете раце

Фото: Unsplash

Пејачката и мултимедијалната уметница Александра Слаѓана Милошевиќ пред неколку недели доживеала тешка несреќа, кога паднала и ги скршила двете раце.

Пејачката Слаѓана Милошевиќ претепана во својот стан од нејзиниот партнер!

Познатата поп-рок пејачка која важи за српска рок икона, додека ја напуштала зградата во која живее во Нов Белград, се сопнала од јаже кое било поставено на влезните скали, при што паднала и тешко се повредила.

„Слаѓана, како и другите станари, не знаела дека еден нивен сосед врзал јаже кај влезните скали, не очекувала и затоа не внимавала кога поминувала. Меѓутоа, штом зачекорила, се сопнала и паднала. Скалите биле многу стрмни и насекаде имало бетон, па не е чудно што се здобила со скршеница на двете раце“ – вели изворот за Курир.рс, додавајќи дека Милошевиќ мора да носи гипс неколку недели.

Милошевиќ доживеа слична несреќа во 2014 година. Пејачката тогаш доживеа тежок пад, при што и беше повредено целото тело, особено градната коска, зглобовите, раката, а набиени и беа и дел од внатрешните органи.

Пејачката Слаѓана Милошевиќ во болница поради внатрешно крварење: Лекарите ја следат состојбата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот