Пејачката Пинк прозборе за борбата со коронавирусот минатата година: Во паника го променила и тестаментот

Instagram

Пејачката Пинк беше позитивна на коронавирус во март минатата година, а покрај неа беше заразен и нејзиниот четиригодишен син Џејмисон.

Тогаш Пинк имала проблеми со дишењето, а нејзиниот син долго време имал висока температура. Сега, за време на гостувањето на радио „Heart“, таа раскажа дека мислела дека ќе умре.

Ова ќе звучи лудо, но бевме позитивни на коронавирусот минатата година, многу рано, во март. Беше навистина лошо, го менував и тестаментот. Знаете, во тоа време мислев дека е готово со нас“, рече Пинк во разворот со водителот Марк Рајт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P!NK (@pink)

Тогаш, ми беше важно само ѝ кажам на Вилоу колку ја сакам. Како родител, размислував што ќе му оставам на моето дете, дали ќе успеам во светот, дали тие ќе успеат, што треба да им кажам за последен пат“, додаде пејачката.

Пинк претходно раскажа дека се испаничила кога почнала тешко да дише.

Размислував да одам во болница, но во исто време не знаев што да направам. Единственото во што бев сигурна беше дека ова е најстрашното искуство во мојот живот“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот