Пејачката на феминистичката група „Pussy Riot“: Со Путин треба да бидете што е можно построги, тој е луд

pussy riot
Pussy Riot / EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Војната во Украина е нешто за кое периодов збори целиот свет. Долгогодишната противничка на Путин, членка на руската феминистичка група „Pussy Riot“ ја коментираше војната.

„Во паника сум, секој ден плачам. Тоа не беше нешто што мораше да се случи, тоа е катастрофа што ќе стави крај на животите на илјадници луѓе“, вели Надја Толоконикова.

„Глобалната заедница беше крајно самозадоволна, а јас гледам две причини: лицемерие, засновано на алчност и глупост“, изјави Надја за „The Guardian“.

„Луѓето би дале изјави дека не ја поддржуваат политиката на Путин и неговото угнетување на политичката опозиција и војните што тој ги започна… Но, во исто време, тие би продолжиле да работат со него. Луѓето потценуваат колку се опасни диктаторите“, објасни таа.

„Во 2014 година разговаравме со британскиот парламент, разговаравме во американскиот Сенат. Многу луѓе не прашуваа како треба да се разговара со Путин. Отсекогаш сум советувала дека треба да се биде што е можно построг. Не можеш да бидеш добар со него. Тој е луд“, заклучила Надја.

Долгогодишната противничка на Путин, Надја и уште две музичарки во 2012 година беа санкционирани затоа што ја пееја
„Punk Prayer: Mother of God, Drive Putin Away“ во московската катедрала. Истата година тие беа осудени на две години затвор
за хулиганство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот