Патувањето со домашно милениче може да биде предизвик: Еве што треба да знаете пред да го сторите тоа

Фото: Пекселс

Сопствениците на домашни миленици знаат дека нема спонтани патувања со крзнените пријатели. Домашните миленици бараат внимателно планирање, а со помош неколку совети патувањето ќе помине без стрес и непријатни изненадувања, пишува „Б92“.

Ова се совети како да го подготвите вашето домашно милениче за патување со автомобил, воз или авион, како да му го олесните патувањето, да го смирите и да спречите мачнина.
Патувањето со домашно милениче може да биде предизвик, особено ако имате разиграно кученце кое првпат патува и сè уште не знаете како ќе реагира за време на возењето и дали ќе му се слоши доколку е склоно кон гадење и повраќање.

Фото: Пекселс/ mary-nikitina

Некои кучиња и мачки, имаат страв од возење во автомобил и сообраќајни звуци или се толку возбудени што не можат да се смират во текот на целото патување.

Најдобар начин за транспорт на домашно милениче е во транспортер, така ќе се чувствува удобно и ќе биде безбедно. Неговото ќебе или перница може да се стави во транспортерот за да го опушти познатиот мирис. Ако се вози на задното седиште, мора да се прицврсти со појас на градите, за да не се повреди. На седиштето може да ставите подлога за да се заштити од влакна и нечистотија.

Фото: Пекселс/ kampus-production

Доколку не патувате со автомобил, туку со воз, имајте на ум дека кучињата високи над 30 сантиметри мора да носат заштитна корпа на устата и да бидат на поводник. Исто така, не е дозволено да ги ставате на седиштето, па затоа е корисно да понесете подлога на која кучето може да легне.

Доколку патувате со мало милениче со авион, потребна ви е торба за носење и транспортирање на миленикот, а превозот мора да се најави однапред, со оглед на тоа дека на летот не може истовремено да се превезуваат куче и мачка. Големите миленици се превезуваат во транспортер/кафез, во багажникот на авионот.

Фото: Пекселс/ pixabay

Во случај да забележите дека вашето домашно милениче се плаши од возење, можете да го подготвите пред големо патување така што ќе поминете неколку кратки возење низ соседството и потоа ќе го наградите за да го поврзе возењето со позитивно искуство.

Како да му го олесните патувањето со автомобил на домашно милениче? Ако миленичето е куче, а патувањето е долго, задолжително направете пауза и прошетајте го. За време на паузата понудете му вода на миленикот за да биде освежен и полесно да го поднесе патувањето.

Фото: Пекселс/ tina-nord

Ако миленичето чувствува гадење за време на патувањето, не го хранете неколку часа пред патувањето за да не му се лоши. Во текот на летните месеци автомобилот треба да се лади за да не се прегрее миленикот, но внимавајте разликата помеѓу надворешната и температурата во внатрешноста на автомобилот да не е преголема.

Што може да му помогне за безгрижно и мирно патување? Седативи се одличен начин да му помогнете на вашето домашно милениче додека патувате. Средствата базирани на феромони му овозможуваат на миленичето да се чувствува удобно и безбедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот