Патолозите зачудени: Згрутчена крв пронашле речиси во сите органи на пациентите починати од ковид-19

Научниците се надеваат дека ќе откријат како овие клетки влијаат на малите крвни садови и згрутчувањата во нив кај пациентите од ковид-19, додаде Рапкиевиц.

Обдукциите на луѓе кои починале од коронавирус им помагаат на лекарите подобро да разберат како ковид -19 влијае на телото и организмот. Едно од најголемите откритија досега се крвните згрутчувања во органите на починатите пациенти, пишува Си Ен Ен.

Д-р Ејми Рапкиевиц, раководител на патологија во Лангон Медицинскиот центар во Њујорк, во интервју за Си Ен Ен објасни зошто ова откритие е многу важно за рабирање на ковид-19.

Некои ковид-19 пациенти имале проблем со згрутчена крв, а степенот и опсегот до кој тој проблем се случува многу е драматичен, опишѕва Рапкиевиц. Во рана фаза од пандемиајта лекарите предупредуваа на голем број крвни згрутчувања во различни крвни садови.

„Она што го видовме на обдукциите беше своевидно продолжување на тој проблем“, рече таа. „Згрутчувањето не беше само во големите крвните садови туку и во помалите. Тоа беше драматично, зошто тоа можеби го очекувавме во белите дробови, но најдобме крвни згрутчувања речеси во секој орган кој го предледувавме во нашето обдукциско истражување“, рече таа.

Студијата на Рапкиевиц во која се наведуваат нејзините наоди е објавена кон крајот на јуни во списанието Лансет за клиничка медицина.

Необично откритие, големи клетки коскена срж во повеќето органи

Обдукциите исто така покажаа нешто необично со мегакариоцитите или големите клетки коскена срж. Тие обично не кружат надвор од коските и белите дробови, рече Рапкиевиц.

„Ги пронајдовме во срцето и во бубрезите, црниот дроб и другите органи“, рече таа. „Во значаен број на срцето, мегакариоцитите создаваат тромбоцити кои учествуваат во згрутчување на крвта“.

Научниците се надеваат дека ќе откријат како овие клетки влијаат на малите крвни садови и згрутчувањата во нив кај пациентите од ковид-19, додаде Рапкиевиц.

Изненадување поради нешто што не е пронајдено при обдукциите

Патологот Рапкиевиц е изнанадена поради нешто што не е пронајдено при обдукциите.

„Во текот на раната фаза од пандемијата лекарите мислеа дека вирусот предизвикува воспаление на срцето миокардитис, но обдукциите покажаа многу низок број на миокардитис, рече таа.

Рапкиевиц истакнува дека една од „можностите“ кои патолозите ја имале е тоа што ги прегледале органите на многу жртви на ковид-19 и да ги истражат процесите на болеста кои се случувале. Таква можност немале кај пациентите болни од свински грип Х1Н1 или оригиналниот вирус кај САРС.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот