ПАСТИРОТ МИЦКО И 16 – те АПОСТОЛИ ВАСЕЉЕНСКИ – Слободен печат
Ви ПрепорачувамеКолумни

ПАСТИРОТ МИЦКО И 16 – те АПОСТОЛИ ВАСЕЉЕНСКИ

Како прво, од пругата по која вози државата во моментов не може да се одстапува ни милиметар зашто некој потрошил многу пари на тоа. Заев? Не! Он може да си троши по кафани, ( и да си земе YAMAHA наместо BMW), али ако некој смета дека сите оние „одозгора“ ќе ги прежалат сите инвестиции ( не е се во парите/ фигуративно) и ќе речат „БУЈРУМ ВМРО-вци СЕГА НА ЛЕШКА“, тој лично сметам дека има проблем со перцепцијата на реалноста.

Со оглед на тоа дека е јавно оскажан збор, не барав дозвола од Љубиша Николовски новинарот да го цитирам од неговото гостување во „Само Вистина“. Вели,.. овие сакаат да се вратат! Ок! Ама тоа е исто како да сум се развел од старата жена, сум се преженил, и сеа се враќа старата и вика „ама ја сеа ќе бидам добра!“ А бе да си била добра не би се развел! А јас јавно исто така би му одговорил и би му додал,

Брат! Сите се исти! Дур не ти влезат у куќа! Хахахаха! Исто е и со политичариве.

Севселенскиот спасител на Македонија Пастирот Мицко, во маслиновата гора позади бивши Хотел Турист спрема нова екипа апостоли ‘‘ кои се толку загрижени за Македонија што се спремни ако треба и за помалку пари да бидат екипа која дава голови кај PONTIUS PILAT, зад кој забораваат дека стои цело римско царство „у одбрана!“ Тоа мора да се или генијалци кои ќе докажат дека топлата вода не е топла туку нам рацете ни се ладни па така ни се чини. Знаете што е најстрашно?! Што сеуште горе-доле околу 300.000 гласа истото го мислат. Да! Маса гласови со врел мозок а со ладни раце. Апостол си е Апостол. Ако Мицко пресветли вели дека тоа е за доброто на ‘‘Македонија вечна‘‘, Коте, Моте, а богами и по некоја залутала странка у утакмицата има да каже ‘‘ Амин‘‘!

Ооооп! Тука еден мал „зајеб“. Дека ќе има предвремени избори „зихер“, арно ама.

Како прво, од пругата по која вози државата во моментов не може да се одстапува ни милиметар зашто некој потрошил многу пари на тоа. Заев? Не! Он може да си троши по кафани, ( и да си земе YAMAHA наместо BMW), али ако некој смета дека сите оние „одозгора“ ќе ги прежалат сите инвестиции ( не е се во парите/ фигуративно) и ќе речат „БУЈРУМ ВМРО-вци СЕГА НА ЛЕШКА“, тој лично сметам дека има проблем со перцепцијата на реалноста.

Кое ново ‘‘ евангелие по Мицкота‘‘ ќе го отпејат 16 – те јавачи на светлата иднина на Македонија? Колку е голема масата на испрани мозоци замрзнати у фрижидерот на ВМРО?

Ајде да размислуваме вака. „јал – не јал“ Заев ќе мора да даде предвремени избори на пролет од две причини. Првата е ако добиеме датум па да купи ‘‘дур е вруќо‘‘, а втората е ако не добиеме па да се дадеме на повторна ‘‘радна акција – Шарена Буна‘‘, вадејки се на тоа дека цело време некој од страна ‘‘му бушел гуми‘‘ додека он сакал да уведе ред у уќуметот.

Само будала може да помисли дека кампањата во двата случаја нема да биде „Бородинска битка“ ( Толстој / војна и мир). Просто ми се гади кога ќе помислам каков ќе биде амбиентот во кампањата на предвремените избори. Крв до колена ( фигуративно). Оние у белана палата со мермер како у Сан Марко базиликата позади срушеното ‘‘ БЕКО‘‘ се потполно свесни дека ако на овие следни избори не успеат да се вратат на власт ‘‘ ОТСВИРАЛИ СУ СВОЈУ ИСТОРИЈУ‘‘! Ама, што е-тоа е, па на крајот секој си прави за своите пари што сака. А дека имаат пари, мислам дека имаат и тоа ‘‘ и краве да жвачу‘‘ што би рекли брача Срби.

А што ќе се прави со ‘‘лоповааната‘‘? А Грујо ќе се врати да „бапне едно Скопско“? Да бе! „Јуче!“ Целава работа е „СРЕЧО МОЈА ЧОРАВИ ( не реков глупи) НАРОДЕ“. Ех, децо, децо,..!

Уште на почетокот на оваа година по студовите кога јас велев ме правеа будала, ама, ако. Со лоповааната се ќе биде ‘‘ ВУК ПОЈЕО МАГАРЦА‘‘ а со политичарите меѓународната заедница ќе даде ‘‘добронамерен совет‘‘ дека единствената „DREAM TEAM“ влада на оваа држава ќе биде една широка коалиција у која на никого нема да му се даде причина ( во гнев) да простите ‘‘ да јаде говна дека само они и мислат добро на земјава‘‘!…

Како ќе се случува тоа? Просто! Еве како…

СЈО како феномен на нашето време со самото свое фијаско покажа дека ние сме држава во која не постои невозможна мисија за правно – политичките мозоци и стратези. Тоа го покажува и докажува нашето дно! Да! Дно. Предметите ако се завршат пред нова година, ( жими такво) треба да бидеме среќни, арно ама, ‘‘ а второстепено, апелација-мапелација, врховен‘‘? Отидоа најмалку уште шест месеци. ОООП! Предвремени избори,.. мислите дека „случајно“ ќе бидат? Само овца може така да мисли. АЛооооо а бе у затвор освен „Боки-Моки, Асан-МАсан“ НЕ ИДЕ НИКОЈ!!! Таман ќе се изгубат уште два-три месеца. Ситуација ‘‘ еве само што не сме ја опраиле државата‘‘. Материјал за ПР-мајсторите колку сакаш. Е, тука ‘‘патриотите се ненадмашни‘‘. Нивни терен.

Втора фаза – „ПР БИТКА КОД ОК КОРАЛА“… „бију турци, ал богами бију и срби!“

Ненадминливоста на умешноста на ПР службите на ВМРО во следните избори ќе биде донесена до совршенство. Лично мислам дека ‘‘сто-нула‘‘ се бољи од СДСМ. Како инаку ке успеаја да впловат бродови на Вардар ако не го убедеа народот дека тоа е за нивно добро!? А бе ало, па и пари имаат поише. Од каде? Е, сеаа не прашуј много!

А што е тоа што ВМРО ќе му пласира на народот како ново „Евангелие по Мицкота“ преку тимот од 16-те велико маченици? Ништо! Ама тоа тоа ‘‘ништо‘‘ ПР тимот ќе го спакува толку спектакуларно и убедливо што сум сто посто сигурен дека бројката од најмалку 300.000 гласови ќе добие силен удар,  „ко да га је комарац ујео“.

А, да не заборавиме на бројката на оние кои Заев не ги убаци у екипа па сеа ќе функционираат по системот ‘‘ ти ли си тој што ме заеба бе‘‘! Јаден Заев, да не си му у кожа. Ќе биде општа ј*бачина.

ШТО ЈА ЧЕКА МАКЕДОНИЈА? КОЕ Е СЦЕНАРИОТО? ..Еве кое.
ДАТУМ.

ЛОПОВААНА ‘‘НЕВИНА‘‘ – боранија у апс.

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ – широка коалиција.

РАЗНИ АМНЕСТИИ – за повиссоки цели, за мир у куќа.

ПРИЛИВ НА КРЕДИТИ – затварање уста на народ, ‘‘фрлање коски да не сере много‘‘.

МАЌЕДОЊАААА – СОВРЕМЕНА И НИКОГАШ ПОЈАКА. ( а што је ‘‘вук појео магарца – ќути бре).

ВО МЕЃУВРЕМЕ РЕГИОНАЛНА МИКРОИНТЕГРАЦИЈА – ‘‘ да си вежбаме Европа едно 15 години).

И на крај, како у вицон „гаси светло па кој кого фати“ секогаш ќе има некој што ќе вика „а бе пали светло бе ало, цело време мене ме е*ат, па нема смисла‘‘. „А тие што си играат со прекидачот за струја како и секогаш нај мудро ќе знаат кога да упалат, а кога да угасат светло. Па сега, кога праиш држава некој мора да го јаде де“. Обично,.. кој го јаде?! Аа?

АМА СИ ГЛУП! КОЈ МОЖЕ?! – НАРОДОТ!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close