Паштета од скуша (РЕЦЕПТ)

Архива на СП

Состојки:

1 килограм скуша

200 милилитри бело вино

рузмарин

ловоров лист

1 главица лук

100 милилитри масло за јадење

1 лажичка копар

100 грама црни маслинки без семка

сол

црн бибер

Подготовка:

Скушата ставете ја во тава за печење, прелијте ја со бело вино и со 100 милилитри вода. Количината на течност треба да биде доволна за да ја прекрие целата скуша. Потоа, додајте ги зачините и зачинските билки и ставете ја скушата да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу еден час.

Откако ќе помине потребното време, извадете ја рибата и исцедете ја од течностите во кои се печела. Оставете ја рибата да се излади, а потоа исчистете ја од коските.

Добиеното месо од рибата, ставете го во вертикален блендер и во него додајте ги и маслинките, копарот, маслото за јадење како и лукот.

Сето тоа убаво измиксирајте го.

Смесата што ќе ја добиете треба да наликува на паштета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот