Љупчо Ристовски/ Фото: Архива на Слободен печат

Партијата што ветуваше вселенска програма го поддржа Орце Ѓорѓиевски

Партијата Интегра официјално ја објави поддршката за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг од локалните избори за градоначалник на Скопје. Според претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски, изборот за градоначалник на главниот град е „од исклучително значење за животот на граѓаните и за угледот на државата“, бидејќи „Скопје има амбиција да се развие во современа метропола“.

„Во изборот помеѓу левата глобалистичка и неолиберална опција и новата визија на човек кој покажа резултати во Кисела Вода и остава впечаток на амбицозен, искрен и коректен политичар кој си стои на зборот, Интегра одлучи да го поддржи Орце Ѓорѓиевски. Даваме шанса за нови процеси, за поинаква визија и за поубаво Скопје“, вели Ристовски.

Заедно со објавата на поддршката, Интегра сподели и промотивно видео со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа партија го привлече вниманието на јавноста во 2020 година, кога ветуваше „вселенски и астрономски центар“ во Кокино и лансирање на македонски сателит во орбитата до 2030 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот