Парис Хилтон проговори за детството: Богатата наследничка била физички малтретирана! (ВИДЕО)

профимедиа
Фото: Профимедиа

Богатата наследничка на ланец хотели, Парис Хилтон одлучи отворено да зборува за малтретрањето кое го доживеала кога била тинејџерка.

Парис ќе го објави документарецот This Is Paris на 14 септември на нејзиниот Јутјуб канал. Во првата најава, таа изјави дека на јавноста ќе ѝ открие досега непознати работи за неа, како и дека ќе го раскаже периодот поминат во интернат.

Во интервјуто кое го дала за списанието People, Париз изјавила дека била испратена во интернатк кога имала само 17 години. Во тоа време, живеела со своите родители во хотелот Waldorf Astoria во Њујорк.

„За мене беше многу лесно да се искрадам и да одам во клубови и на забави. Моите родители беа толку строги што морав да станам бунтовник“, започнала таа.

„Ме казнуваа земајќи ми го мобилниот телефон, кредитната картичка, но не можеа да сторат ништо. Јас пак излегував“, продолжила таа.

Една од казните ѝ било испраќањето во интернат, каде вели дека секојдневно трпела физичко и психичко малтретирање.

„Персоналот ми кажуваше ужасни работи. Ме малтретираа, правеа да се чувствувам лошо. Мислам дека нивната цел беше да нè скршат сите нас. Физички нè малтретираа, нè удараа и давеа. Сакаа да нè заплашат за да не се побуниме“.

Хилтон досега не зборувала на оваа тема бидејќи постојано се срамела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот