Пари – колку и да ги имаме, никогаш не ни се доволно

Колку и да заработуваме, секогаш ни се чини дека сме можеле или сме заслужиле да имаме повеќе од тоа.

Парите не се клучот на среќата, но ни се неопходни за живот. Но, дали да се задоволиме со сумата што ја имаме или да целиме повисоко?

Двете опции доаѓаат со своја цена. Некои студии велат дека дури и да заработуваме двојно повеќе, ако не сме среќни дотогаш, нема да бидеме ниту потоа.

Од друга страна, ваквото сознание никогаш не натерало некој да се откаже од својата намера да има повеќе пари, дури и ако треба да работи многу часови преку денот за да ја заработи саканата сума.

Но, она што останува како универзална вистина е дека парите не ги бришат реалните проблеми кои ги имаме. Напротив, можат уште повеќе да ги потенцираат, особено кај личности кои мислеле дека поголемата заработка им е најголем проблем.

Затоа, наместо да собирате што повеќе пари, обидете се да се ослободите од емотивниот товар. Многу нешта ќе се решат сами од себе, меѓу кои и вашата претстава за парите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот