Папата Франциск тргна во војна против ватиканската мафија

Profimedia
Фото: Профимедиа

Папата Франциск именуваше еден од водечките обвинители за борба против мафијата за претседател на кривичниот трибунал на Ватикан, во момент кога избива нов скандал за наводни финансиски малверзации, објави „Новости“.

Џузепе Пињатоне е именуван вчера, два дена откако полицијата изврши рација во Апостолската палата и заплени документи и компјутери од државниот секретаријат.

Претресувани се и канцелариите на Агенцијата за финансиски надзор на Ватикан која е задолжена за регистрирање на можни случаи на перење пари и други финансиски трансакции.

Прес-службата на Ватикан не сакаше да објави дополнителни информации за рацијата, освен тоа дека се засновани на извештајот на Банката на Ватикан и канцеларијата на генералниот ревизор за претходни финансиски операции.

Се наведува дека трансакциите се однесуваат на ватикански недвижнини во Лондон. Директивата на ватиканската полција за сите вработени во Светата столица во која се известува за суспензија на пет вработени во Ватикан, според објавите е дадена од претпазливост.

Ватиканскиот весник „Опсерваторе Романо“ го осуди објавувањето на таа директива со фотографија и имињата на петте луѓе, наведувајќи дека се работи за медиумско „срамење“. Во воведот на насловната страна, ватиканскиот весник наведува дека истрагата покажала оти делуваат финансиските рефоми кои пред десет години ги започнал папата Бенедикт Шеснаесети.

Пињатоне во мај се повлече од позицијата на главен обвинител во Рим, каде водеше истраги за политичка корупција и организиран криминал, како и италијанската страна на истрагата за сомнителната смрт на италијанскиот постдипломец во Египет.

Пред тоа, Пињаторе работел како обвинител во Палермо и Реџо Калабрија, каде ги водел главните истраги против криминалните групи Коза Ностра и Ндрангета.

Кривичниот трибунал на Ватикан работи со криминални дела кои се случуваат на територија на Ватикан или вклучуваат дипломати на Ватикан. Кривичниот законик е заснован на италијанскиот, со елементи на црковното право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот