ВИДЕО: Паника во близина на српско-унгарската граница, побегнал црн пантер

Црн пантер/ Фото: МИА

Полицијата во Унгарија интензивно трага по опасно животно во областа Кишкунхалаш, град недалеку од границата со Србија.

Според медиумите, тоа место е на само 40 километри од Суботица.

Се трага по животно кое било во заробеништво, а се претпоставува дека се работи за црн пантер, соопшти полицијата.

Потрагата започна откако се појави снимка од опасна дива мачка, која се покажа дека е автентична. Експертите појаснија дека ова опасно животно сака да се храни со мачки, кучиња и ситен добиток, дека лесно се крие и може да биде непредвидлив.

Камерите го смимиле пантерот на едно градилиште недалеку од градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот