Пандев, Кулушевски и Ибра со најдобрите голови на колото во Серија А! (ВИДЕО)

фото: твитер

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев кој ги брани боите на Џенова уште во првото коло се најде во најтесниот круг на најубави погодоци на рундата во најсилното италијанско првенство.

Нашиот репрезентативец беше стрелец на вториот гол во победата на домашен терен на Џенова против Кротоне (4:1). Со еден прекрасен лоб удар успеа да го матира чуварот на мрежата и така го најави освојувањето на првите три бода оваа сезона.

Серија А воедно одвои уште два убави голови во овој избор, тука е Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски кој уште на дебито го постигна првиот гол за Јувентус.

А тука е и неговиот сонародник Златан Ибрахимовиќ кој и покрај неговата возраст и натаму доминира на теренот, односно блеска во дресот на Милан.

На видео записот можете да ги погледнете трите најубави голови на првото коло во италијанската фудбалска Серија А на Пандев, Кулушевски и Ибрахимовиќ, уживајте:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот