Златан како „вино“: Ибракадабра шоу против Болоња! (ВИДЕО)

Фото: facebook.com/ACMilan

Денеска во првиот натпревар од новата сезона во најсилната италијанска Серија А составот на Милан со конечен резултат 2:0 триумфираше над екипата на Болоња.

На стадионот „Сан Сиро“ во Милано „росонерите“ дојдоа до првите три бода благодарение на најискусниот играч во нивните редови, Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот и покрај неговите 38 години и натаму блеска на терените. Со неговите два голови на денешниот меч најавува дека повторно ќе биде клучен играч на Милан. Првиот погодок беше реализиран во 35 минута, Хернандез убаво го пронајде Ибра кој највисоко скокна и со глава ја смести топката во мрежата на Скорупски.

Конечниот епилог го постави на стартот од второто полувреме (50`), беше сигурен од белата точка. За првпат Ибрахимовиќ запиша два гола на „Сан Сиро“ во Серија А во 3065 денови (мај 2012 против Интер).

Во следното коло играчите на тренерот Пиоли ќе гостуваат кај Кротоне на 27 септември, а еден ден подоцна Болоња на српскиот стратег Синиша Михајловиќ ќе ја пречека Парма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот