Панчев знаеше како против Баерн, Црвена Звезда по реприза од 1991 година! (ВИДЕО)

фото: ФК Црвена Звезда

Црвена Звезда втора сезона по ред ќе игра во Лигата на шампионите, минатата година освои четири бодови беше последнопласирана во група со Наполи, ПСЖ и подоцна освојувачот Ливерпул.

Најтрофејниот српски клуб досега петпати играше против Баерн Минхен. Најпознатиот дуел беше одигран во 1991 година кога Звезда беше подобра во двомечот и се пласираше во финалето на тогашниот Куп на европските шампиони.

Звезда триумфираше во првиот меч во Минхен со 2:1, стрелец на еден од головите беше славниот македонски фудбалер Дарко Панчев, додека на реваншот во Белград беше 2:2. „Црвено-белите“ потоа станаа шампиони на Европа.

Претходно Баерн беше подобар во сезоната 1979/80 кога во третото коло од тогашниот Куп на УЕФА го доби првиот натпревар со 2:0 и помина во следната фаза и покрај поразот од 3:2 во реваншот. Звезда тогаш имаше три голови предност.

Последната пресметка беше завршена со победа на Баерн во Белград со 3:2 во групната фаза на Лига Европа во 2007 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот