Панчев: Нема што да изгубиме на ЕП, Македонија има четири извонредни играчи

Фото: ФФМ

Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Панчев вели дека нашата А селекција не треба да се задоволи само со учеството на Европското првенство.

Прославениот напаѓач на Црвена звезда и воедно екс репрезентативец на Југославија ја коментираше групата „Ц“ во која покрај Македонија, ќе играат уште Австрија, Украина и Холандија.

– Не е тоа некоја претерано силна група. Можеме да направиме едно убаво изненадување. Холандија е единствената репрезентација екстра класа. Со Австрија и Украина апсолутно може да се игра. Ова е одлична можност пред Европа да го покажеме високиот квалитет. Нема што да изгубиме, иако никој од нас не очекува ништо – вели Панчев.

Панчев гледа особено многу голем квалитет во средниот ред на македонската репрезентација:

– Таму имаме четворица извонредни играчи. Нив ги води Аријан Адеми, кој е капитен на Динамо Загреб. Тука се и Енис Барди, Езџан Алиоски и Елиф Елмас од Наполи, кој е еден од најголемите таленти на овие простори. Со сите можат да се надигруваат – додава Панчев.

Димитриевски: Не дојдовме на ЕП за да собираме искуство, најважно е да не загубиме од Австрија на стартот 

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Југославија, имаше можност да го почувствува учеството на едно големо натпреварување, Светското првенство во Италија во 1990 година:

– Тоа е незаборавно искуство. Можам да им кажам на нашите играчи да уживаат во секој момент. Само доколку се опуштени, тие ќе можат да се покажат во вистинско светло – се зборовите на Панчев наsportklub.rs

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот