Панче Тошковски: Со длабока тага и болка, ве известувам дека загинаа 51 лице во пожарот во дискотеката

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во изјава што предмалку ја даде пред полициската станица во Кочани, потврди дека 51 лице загинале во пожарот во кочанската дискотека кој се случи ноќеска. Починатите лица се во повеќе болници во земјата и по идентификација ќе треба да бидат однесени на обдукција во Скопје. Министерот рече дека пожарот избувнал околу 2 часот и 30 минути како последица на искри од пиротехнички средства за светлосен ефект на концертот на групата ДНК. Тој потврди дека се приведени организаторите, а новинарите го прашуваа дали ќе бидат приведувани и тие од општината кои што се надлежни да издаваат дозволи за објекти да функционираат како дискотеки. Тој рече дека сите функционери треба да чувствуваат морална одговорност за ваква трагедија.

Граѓани што живеат во близина на објектот кој функционирал како дискотека, кршеле врати и прозорци, за да ги вадат младите од внатре.

Пожарот според Тошковски, настанал кога се активирале прскалките на сцената, искрите го зафатиле таванот што бил направен од лесно запаллива материја. Потоа пожарот се проширил во целата дискотека и густ чад задушил дел од жртвите а други изгореле.

Граѓаните на социјалните мрежи ги бараат своите деца, малолетни лица, со фотографии. Не знаат во која болница се, ниту каква е нивната состојба.

Формиран е оперативен штаб во полициската станица Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот