Панче Стојанов веќе не е тренер на АП Брера Струмица
Тренерот Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на фудбалскиот клуб АП Брера Струмица по четири првенствени кола.
Препорачано
Оставката е лична и не се должи на постигнатите резултати на првиот тим на почетокот на оваа сезона. Стојанов верува во потенцијалот на екипата што ја предводеше, а оставката е од лични причини.
– Оставката е лична бидејќи не можам да ја исполнам мојата визија и планови со екипата во дадените околности. Оваа екипа има потенцијал и верувам дека со посветена работа ќе се исполни зацртаната цел а тоа е опстанок во Првата лига – вели Стојанов.
Искусниот Стојанов кој е од самите почетоци на Академија Пандев, сега Брера Струмица, како прв тренер дојде минатата сезона во пролетниот дел. Го предводеше тимот до опстанок, а на стартот од оваа сезона оствари две ремија на гостински терен против Вардар (2:2) и Тиквеш (0:0).
ФК Брера му искажува голема благодарност на Стојанов кој остави голем печат со својот професионален однос во клубот, и му посакуваат со успех да продолжи да ја гради својата кариера.
Фудбалерите на АП Брера Струмица следниот меч во Првата лига ќе го имаат на 13 септември дома против Шкупи.


