Паметен потег: Навивач на Јунајтед наследството од 55.000 фунти го вложил на титула на Ливерпул

Тони Вард (55) навивач на Манчестер јунајтед заработи 91.000 фунти на титулата на Ливерпул.

Најголемото дерби во англискиот фудбал е тоа помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул, но ривалството се тргна на страна кога станува збор за заработјата.

Британскиот весник „Сан“ објави дека навивач на Манчестер јунајтед пред почетикот на сезоната го вложил целото наследство на титула на Ливерпул. Станува збор за Тони Вард кој е татко на три деца, а наследството од 55.000 фунти го добил во 2017 година кога починала неговата мајка.

– По долга расправија го избрав Ливерпул. Тие изгледаа како да можат да ја освојат титулата и не погрешив во проценката. Мојата мајка не би се лутела бидејќи сакаше поинаков вид на забава – рекол Вард.


Вард признава дека не му било сеедно кога пандемијата на коронавирусот се закануваше да му ја одзеде заработката, бидејќи Ливерпул пред паузата во Премиер лигата имаше 23 бода предност пред Манчестер сити на девет кола до крајот.

– Се беше јасно, на Ливерпул му беа поотребни уште само шест бодови. Доколку се прекинеше сезоната ќе му го вратеа влогот, но тоа би било нефер. Прво што ќе направам со заработените пари е да заминам во странство на квалитетен одмор, додека останата сума ќе ја чувам во банка
– открива Вард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот