Палестински власти: Петмина Палестинци убиени во Западниот брег

Петмина Палестинци загинаа во судири со израелските сили на северот на Западниот Брег, соопштија палестинските власти.

Палестинската новинска агенција Вафа јавува дека израелските сили извршиле рација во бегалскиот камп Ел Фара северно од Наблус, по што започнале судири. Има повредени, пренесува Тајмс оф Израел.

Претходно денеска, палестинското Министерство за здравство објави дека израелските сили убиле пет Палестинци за време на рација во близина на Тубас, град во окупираниот Западен Брег.

Канцеларијата на портпаролот на израелската војска соопшти дека го проверува извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот