Падот на загаденоста на воздухот во Кина е видлив од вселената

Научниците веќе претходно утврдиле дека коронавирусот за најмалку четвртина ги намалил кинеските емисии на стакленички гасови за само две недели во средината на февруари.

Сателитите на НАСА и Европската вселенска агенција кои го следат загадувањето регистрирале значително намалување на загадувањето со азотен диоксид (NO2) над Кина. Американската вселенска агенција НАСА забележува дека оваа промена е барем делумно поврзана со економското забавување предизвикано од појавата на коронавирусот, објави МКД.мк.

Научниците веќе претходно утврдиле дека коронавирусот за најмалку четвртина ги намалил кинеските емисии на стакленички гасови за само две недели во средината на февруари.

Кинеските власти до 23 февруари го прекинаа сообраќајот кон и од Вухан и затворија многу погони за да го намалат ширењето на заразата.

Ова доведе до значително намалување на согорувањето на фосилни горива, кои најмногу ја предизвикуваат климатската криза, а Кина е најголемиот производител на стакленички гасови во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот