Падна клучниот град во источна Украина: Русите воспоставија контрола врз Северодонецк

Фото ; Profimedia

Градоначалникот на Северодонецк изјави дека руските сили целосно го окупирале овој стратешки важен град во источна Украина по неколку недели бомбардирање.

„Градот сега е под целосна контрола на Русија. „Сега тие се обидуваат да го вратат својот ред и да назначат свој командант“, изјави градоначалникот на Северодонецк, Олександар Стрјук, за Ројтерс.

Руските сили и силите на самопрогласената Луганска народна република влегоа и во Лисичанск, а борбата моментално се води внатре во градот, изјави денеска извор близок до Луганската народна милиција.

„Напредокот во Лисичанск продолжува. Во внатрешноста на населбата веќе се водат борби. Прерано е да се каже колку од градот е под наша контрола во моментов, но заедничките сили во градот напредуваат доста брзо“, изјави неименуван извор, пренесува ТАСС.

Офицерот на Народната милиција на самопрогласената Луганска народна република, Андреј Марочко, денеска претходно изјави дека неколку градски компании се под контрола на руските сили и силите на ЛНР, пренесе ТАСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот