ПАДНА ДОГОВОР: Мекгрегор се враќа во октагонот

EPA-EFE/ARMANDO ARORIZO

Најголемата ѕвезда во УФЦ, Конор Мекгрегор, конечно се враќа на борбите и ќе биде дел од УФЦ 246 приредбата.

Последната борба на Ирецот беше на 6 октомври минатата година кога доживеа нокаут од Хабиб Нурмагомедов.

Оттогаш Мекгрегор не беше активен во октагонот, но затоа редовно ги послеше страниците со скандали. И Кога сите помислија дека тој нема да се враќа во УФЦ, претседателот на најмоќната организација за мешани боречки вештини, Дена Вајт, вечерва есклузивно објави дека Ирецот ставил потпис на договорот за борба со Доналд Церон.


Предвидено е борбата да биде дел од УФЦ 246 приредбата која ќе се одржи на 18 јануари идната година во Лас Вегас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот