Пад од две места на фудбалерите на ФИФА ранг-листата

Фудбалската репрезентација на Македонија во ноември ги продолжува квалификациите за СП 2022/ фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од две места на најновата ранг-листа која денеска ја објави Светската фудбалска федерација (ФИФА) и сега се наоѓа на 74. место.

Причина за падот на ранг-листата се трите нерешени натпревари во септемврискиот циклус од квалификациите за пласман на СП 2022 година.

Фудбалерите на дебито на Благоја Милевски на селекторското столче, на 2. септември одиграа 0:0 против Ерменија на Националната Арена „Тодор Проески“. Потоа следеше ремито во Рејкјавик против Исланд од 2:2, за потоа на 8. септември Македонија да ремизира и со Романија (0:0).

Од нашите ривали во групата, Германија е најдобропласирана на ранг-листата и се наоѓа на 14 место, потоа следи Романија (42, Исланд (60), )Ерменија (89) и Лихтенштајн (188).

Првото место на ранг-листата го држи Белгија, пред Бразил, а трета е Англија која ја помина Франција. Меѓу најдобрите 10 репрезентации на светот се наоѓаат уште Италија, Аргентина, Португалија, Шпанија, Мексико и Данска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот