Овошје кое ги намалува маснотиите во крвта

Кога би постоела топ-листа на најздрави намирници, капините секако би биле во топ 10. Ова овошје е богато со моќни антиоксиданси, а особено – елагитанин, кој го нема во речиси ниту една друга храна, а кој се покажал како многу ефикасна во борбата против ракот.

Капините имаат и силно антибактериско дејство

Една шака капини дневно многу позитивно влијае на зачувување на здравјето на срцето и крвните садови. Оваа количина капини обезбедува дури осум грама диетални влакна, што е многу важно за намалување на маснотиите во крвта.

Благодарение на високата содржина на диетални влакна, капините значително придонесуваат за намалување на ризикот од дијабетес, болести на органите за варење, како што е дивертикулозата и се вреден сојузник во секоја диета.

Капините се заслужни и за силни антиинфламаторни и антибактериски ефекти. Неговиот нутритивен потенцијал е важен и за зачувување на добриот вид, го намалува ризикот од дегенерација на очите и го спречува развојот на катаракта. Исто така, делува како филтер за сончева светлина, апсорбирајќи ги опасните УВ зраци.

Виното од капини помага при анемија

Капините може да се користат за правење сокови, слатки, џемови, вино и други производи, а истражувањата покажале дека готвењето не ја уништува нивната хранлива вредност. Свежиот сок од капини го стимулира правилното функционирање на клетките на црниот дроб и го штити, а во исто време благотворно делува на жолчното кесе и ги чисти жолчните канали. Напитокот од капини поволно делува на оние кои боледуваат од анемија поради недостаток на железо, но виното од капини е најпрепорачливо за лекување на анемија.

Овој лек е исклучително богат со витамини и минерали, а резултатот од неговото дејство се постигнува по еден месец од консумирањето. Се препорачува да се пие по еден децилитар вино од капини дневно, половина час пред јадење.

Во домот секогаш треба да имате лист од капина за чај

Листот од капина е природен лек против дијареа и дехидрација на организмот. Исто така, се смета дека е ефикасен во борбата против осип на кожата и лишаи и придонесува за целокупното закрепнување на телото по инфекција. Една лажица листови од капини прелијте со шолја врела вода, покријте го садот и оставете да отстои 15 минути. Процедете го чајот и пијте по две до три шолји дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот