Овие познати дами имаат порно-снимки, а еве која од нив највеќе заработи! (ФОТО)

профимедиа

Многу познати дами можеби немаа среќа во животот, па по своја или туѓа вина својата интима ја поделија со милиони луѓе на планетатата, а меѓу таквите се: Ким Кардашијан, Џенифер Лопез, Памела Андерсон, Парис Хилтон и многу други…

Додека некои по скандалот профитираа, некои изгубија и доста пари.

profimedia

Ким Кардашијан напознататата реалити-ѕвезда има порно-снимка со раперот Реј Џеј која ја вивна во облаци. Таа не тагуваше многу по скандалот, туку виде добар начин како да заработи пари, но и да се промовира. Таа добила совет од својата мајка да ја продаде снимката за неверојатни пет милиони долари,  а тоа е огромна цифра со оглед на тоа дека Ким во тоа време не беше многу популарна.

– Се чуствував понижено. Тогаш првпат бев на тој начин експонирана во јавноста и беше на многу негативен начин. Не можев ништо, ќе седев така и деновите ќе поминуваа. Требаше да се потрудам десет пати повеќе од останатите луѓе за некој да ме сфати сериозно – изјавила Ким.

памела
Фото Профимедиа

Памела Андерсон (52) исто така имаше проблем со експлицитно видео кое го обиколи светот, односно кога електричарот од нејзината куќа ја украл вхс-снимката. На касетата имало жешки сцени од креветот кој ги снимила со Томи Ли.

Главната ѕвезда од серијата „Чувари на плажата“, прво ја тужеше компанијата во која работел електричарот, но на крајот најдоа заеднички јазик и дојдоа до договор. Тие надвор од судот договориле сума од десет милиони долари. Но, тоа е ситница во однос на 77 милиони долари колку што заработи нејзиното видео, кое одлично се продава и денес.

Facebook

Додека други заработуваа милиони на сметка на своите снимки, Парис Хилтон (38) и не помина баш најдобро. Старлетата од нејзиното порно заработила само 400.000 долари. Дури и нејзиното поранешно момче, рокерот Рик Саломон поминал подобро, бидејќи успеал да го продаде филмот за неколку милиони долари.

Џенифер Лопез (50) ваквиот скандал можеше да и ја уништи репутацијата и кариерата, но таа успеала да го спречи објавувањето на нејзиниот порно-филм.

Профимедиа.рс

Имено, без нејзино знаење, поранешниот сопруг Ноа, келнер од Куба ја наместил камерата во соба и успеал да го сними нивниот сексуален однос. Кога парот се разведе, Ноа се обиде да го продаде видеото, но пејачката го спречи во тоа. Наводно таа го откупила видеото за четири милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот