Ова не се гледа често: Премиерот на Индија собира ѓубре на плажа (ВИДЕО)

фото: Принтскрин

Индискиот премиер Нарендра Моди објави на „Твитер“ видео на кое се гледа како собира ѓубре на плажа пред одморалиште во Махабалипурм, каде е домаќин на кинескиот претседател Си Џипинг.

Моди и Си се среќаваат во Махабалипурам, место познато по историските споменици и по тоа што се наоѓа на списокот за светско наследство на УНЕСКО, но и поради популарноста кај туристите по своите можности за сурфање.

На снимките се гледа како Моди собира шишиња од плажа, кора од банана и други остатоци на плажата и ги става во голема пластична кеса, додека брановите го преплавуваат брегот, пренесува „Ројтерс“.

– Ајде да се погрижиме нашите јавни места да бидат чисти и уредни! Ајде да се погрижиме да бидеме здрави и во форма – напиша Моди на „Твитер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот