Ова е животната приказна на патријархот Иринеј: Во јануари годинава, патријархот Иринеј свечено одбележа 60 години монаштво, 45 години епископска и 10 години патријаршка служба

Во Светиот архијерејски синод во јануари 2010 година, тој беше избран за архиепископ на Пеќ, митрополит белградско-карловачки и патријарх на Србија, за 45-ти врховен водач на српската православна црква. Тој беше устоличен на 23 јануари истата година во белградската катедрала, а на 3 октомври истата година во Пеќката патријаршија.

Пред изборите за патријарх на Српската православна црква, владиката Иринеј, чие цивилно име е Мирослав Гавриловиќ, помина цели 34 години на чело на Нишката епархија. Роден е во 1930 година во селото Видово кај Чачак од татко Здравко и мајка Милијана. Основно училиште заврши во родното село, а потоа гимназија во Чачак.

Почина српскиот патријарх Иринеј

Иако никој од неговото семејство не бил свештеник, близината на клисурата Овчар-Каблар, која се смета за Српска Света Гора поради мноштвото манастири, го определила да се посвети на црковните студии.

Пред да ја преземе функцијата професор, во октомври 1959 година, тој го доби манастирскиот чин и монашкото име Иринеј од тогашниот патријарх Герман во манастирот Раковица, истиот во кој беше погребан патријархот Павле. Бил ракоположен за јеромонах во црквата Ружица под Калемегдан на 27 октомври 1959 година.

Додека служел во богословијата во Призрен, тој бил испратен на постдипломски студии во Атина. Станува управител на монашкото училиште во манастирот Острог во 1969 година. Оттаму се вратил во Призрен и станал ректор на призренската богословија. Бил ракоположен за епископ на Моравица во 1974 година. Една година подоцна, во 1975 година, тој стана епископ во Ниш.

Во јануари годинава, патријархот Иринеј свечено одбележа 60 години монаштво, 45 години епископска и 10 години патријаршка служба.

Српскиот патријарх Иринеј беше примен во болница на 5 ноември, откако беше утврдено дека е позитивен на вирусот корона, беше сместен во Воено-медицинскиот центар во Белград.

Само неколку дена пред тоа, тој служеше света литургија на погребот на митрополитот црногорско – проморски Амфилохије во Подгорица, кој исто така почина од последици предизвикани од вирусот корона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот