Ова е момчето кое уби двајца и повреди 16 други во масовното пукање на Ноќта на вештерките во САД

Убиецот на Ноќта на вештерките во Флорида / Фото Колаж на СП / Твитер

Полицијата во Тампа, Флорида, уапси маж осомничен за убиство на две лица во оруженото насилство што предизвика хаос во неделата во кварт преполн со барови и клубови за време на прославите на Ноќта на вештерките, соопштија локалните власти.

Шеснаесет лица се повредени, сите до еден од огнено оружје, соопшти полицијата.

Тајрел Стивен Филипс (22) е обвинет за убиство од втор степен на 14-годишно момче и 20-годишен маж, по судирот пред зори меѓу две групи во историската населба Тампа во Ибор Сити, соопшти полицијата.

Видеата на платформата за социјалните мрежи Х, порано позната како Твитер, покажаа луѓе како трчаат низ темнината додека одекнаа најмалку десетина истрели. На некои видеа се гледаат полицајци како брзаат да им помогнат на луѓето во костими кои крварат на тротоарите.

Две лица починале, а 16 од нив со повреди се пренесени во болница, од кои 15 со прострелни рани, се вели во соопштението на полицијата.

На многумина од повредените, на возраст од 18 до 27 години, им била укажана помош и пуштени биле пуштени, но петмина останале во болница, соопшти полицијата.

Началникот на полицијата во Тампа, Ли Беркау, рече дека сведоците и помогнале на полицијата да го идентификува и уапси осомничениот напаѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот