„Отворете, полиција“: Се „тресе“ Фондацијата на Навални во Москва

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Руската полиција денеска изврши претрес во московските канцеларии на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Полицијата соопшти дека е покрената кривична истрага против директорот на Фондацијата за борба против корупцијата.

Ова го објави Навални на социјалните мрежи, како и фотографии на кои се гледа полицијата во канцелариите на неговата Фондација.

Руските медиуми објавија дека полициската акција е поврзана со кривичната истрага против Иван Жданов, директор на Фондацијата на Навални, бидејќи тој не ја извршил судската пресуда.

Минатиот месец, судот во Москва нареди на Фондацијата и нејзината приврзаничка Љубов Собол да платат по 374.483 долари за спор околу кетеринг во основни училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот