Отворена аудиција за танчари – играј на два хита на Јован Јованов и Елвир Мекиќ на нивниот концерт во Скопје
Јован Јованов и Елвир Мекиќ на 6 јуни ќе одржат голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Двајцата музичари им даваат шанса на своите фанови да бидат директни учесници на концертот и да настапат со нив на сцената.
Препорачано
На 25 април (сабота), со почеток во 11 часот, ќе се одржи аудиција за сите кои имаат талент за танцување и се постари од 17 години. Станува збор за перформанс на две песни, а танчарите избрани преку аудицијата ќе бидат дел од целосно сценско шоу.
Аудицијата ќе се одвива во форма на работилница – пријавените учесници ќе учат кореографија, потоа ќе танцуваат пред жирито во мали групи, а секој ќе има можност да се претстави и со фристајл. Најдобрите шест ќе бидат избрани од тричлено жири, меѓу кои и Јован Јованов, и во текот на следниот месец ќе имаат проби за настап на концертот.
Сите заинтересирани повеќе детали и формулар за пријава ќе најдат на линкот: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfTEY2oytKpPAlQVD1bryEoChxLYSul0ad3_Jn9KaI0wKxXwQ/viewform.
Освен аудицијата, на крајот на април Јован и Елвир ќе ги најават и гостите за големиот концерт – осум познати имиња од земјава и регионот.
Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ ќе биде вистинско освежување пред почетокот на летото, настан што ќе ја разбуди носталгијата кај неколку генерации.
Картите се во продажба преку „МК тикетс“ и веќе се распродаваат.
И не заборавајте: подгответе бел аутфит, бидејќи темата на концертот и дрес-кодот е – бело.


