Отстранета дивопоставената ограда на последна 5-ка во Ново Лисиче позади која се создаде огромна дива депонија
На истата локација е предвидена изградба на мегапарк и фудбалски стадион со што целосно ќе се облагороди овој простор запуштен со децении.
Инспекциските служби на Општина Аеродром денеска ја отстранија дивопоставената ограда која со години се наоѓаше во непосредна близина на автобуската станица на последна 5-ка во населбата Ново Лисиче.
Препорачано
Како што информираат од оваа скопска општина, оградата била поставена на државно земјиште без одобрение, со што се создале услови за појава на голема дива депонија, која ја загрозува животната средина и претставува опасност за здравјето и животот на граѓаните.
На истата локација е предвидена изградба на мегапарк и фудбалски стадион со што целосно ќе се облагороди овој простор запуштен со децении.Апелираме на совесно однесување како до физичките, така и до правните лица, а секое прекршување на прописите и законите веднаш ќе биде санкционирано. Инспекциските служби на општината се постојано на терен, воведена е втора смена, како и дежурни служби во саботите, а инспекторите и комуналните редари ја следат ситуацијата во секој дел од територијата под наша надлежност – информираат од Општина Аеродром.


