Откупувачите ја зголемија цената на тутунот на 365 денари

Откуп на тутун/Фото: Скриншот

Откупувачите во земјава ја зголемија цената на тутунот. Сите со анекс на договорите ја корегираат цената на тутунот на 365 денари. Потпишаните договори утре ќе ги достават до Земјоделскиот инспекторат и до Сојузот на земјоделските здруженија. Зголемувањето ги опфаќа и досега откупените количества тутун.

„Нашата упорност, но и обединетоста на тутунарите, придонесе овие денови да гледаме уште едно зголемување на откупната цена за 35 денари, доаѓајќи до просечна цена од 365 денари по килограм. Овде во Прилеп договоривме дека и другите откупувачи ќе ја следат зголемената цена, и најдоцна до утре сите ќе направат анекси на договорите, за целокупната количина предаден тутун“, истакна по средбата со откупувачите на тутун министерот Николовски.

Министерот Николовски додаде дека покрај цената, заедно со откупувачите на средбата се разговараше и за мерки и политики што треба да придонесат во сигурен развој и одржливост на тутунопроизводството.

„Во таа насока, за оваа година, креиравме нови мерки за поддршка на тутунарите, основна субвенција по пријавена површина тутун, од 6.000 денари по пријавен хектар. Тутунарите преку оваа нова мерка, за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар. Оваа реклота за 20 денари ја зголемуваме субвенцијата по класи за предаден тутун. Секој еден тутунар покрај овие 365 денари откупна цена на тутунот, би добил и 100 денари по килогам, субвенција за предаден тутун од прва класа. Вкупна поддршка за прва каласа тутун од 465 денари добива секој тутунар“, изјави министерот Николовски.

Сојузот на земјоделските здруженија постави рок и услов. Ги очекува потпишаните анекси до утре напладне. Во спротивно нема да се дава тутунот. Досега се откупени околу 9.500 тони тутун. Реколтата се цени на 13 до 15.000 тони. Овој месец ќе има нова средба со откупувачите за измени во Законот за тутун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот