Откупени близу 14 тони тутун, просечната цена 353 денари за килограм

Акција за заплена на режан тутун по пазарите/ Фото: Архива на Слободен печат

Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега се откупени 13 800 тони по просечна цена од 353,6 денари за килограм.

-При крај е откупот и нема никакви проблеми. Онаму каде се откупени количествата, пунктовите се затворени, значи дел од 280 откупни пункта на 10-те откупувачи се затворени зашто се преземени предвидените количества. Просечната цена од 253,6 денари се однесува за целата кампања, што значи се доисплаќаат производителите на кои им беше откупен родот пред зголемувањето на цената, вели Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

Се уште никој не може да каже уште колкави количества треба да се дооткупат. Официјално, откупот трае до крајот на февруари. Се проценува дека реколтата е до околу 15 000 тони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот