ОТКРИВАМЕ: Дали таблетите за контрацепција ја убиваат страста?

профимедиа

Контрацепциските пилули имаат и низа несакани нуспојави како дебелеење, главоболка, мачнина, промена на расположението или развој на тромб но најновото истражување укажува дека милиони жени поради нив го губат интересот за секс.

Истражувањето на повеќе од 1.000 млади жени на германскиот институт Хајделберг покажа дека оралната контрацепција кај жените драматично го намалува нивото на сексуална желба и возбуденоста во текот на сексуалниот однос. И други хормонални методи имаат ист ефект.

Истовремено, заклучено е дека кондомите и другите методи за заштита преку физичка бариера ја зголемуваат возбуденоста повеќе отколку сексуалниот однос без никаква заштита.

Научниците шпекулираат дека ова можеби е последица од утехата дека се заштитени од несакана бременост.

профимедиа

Во Велика Британија на таблети се 28 проценти од жените, а научниците велат дека барем една шестина од оваа група страдала од намалување на либидото. Но зошто оваа таблета има вакво делување?

За да ја запре овулацијата таблетата содржи вештачки хормони слични на сексуалните хормони естроген и прогестерон. Но, при спречувањето на овулација се намалува нивото на тестостерон – хормонот кој ја поттикнува сексуалната желба.

Материите кои влијаат на женските хормони можат да имаат несакан ефект и на сексуалноста но тие за тоа не се информирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот