Откриени водачите на бунтот во Наполи, Де Лаурентис подготвува одмазда

EPA/ALESSANDRO DI MEO

Во Наполи по ремито против Салзбург во Лигата на шампионите владее вистински хаос бидејќи тивката војна на релација фудбалери – претседател се разгоре. Два дена по натпреварот во моментов на сила е „заветот за молчење“, клубот издаде соопштение, но нема намера да објавува за евентуалните казни за одговорните за бунтот по натпреварот со Салзбург. Веднаш по средбата фудбалерите ја игнорираа наредбата на претседателот Аурелио Де Лаурентис и одбија да заминат во карантин и наместо тоа си заминаа во своите домови.

Единствено тренерот Карло Анчелоти се врати во тренинг центарот иако и тој е противник на карантинот но нема намера да ги игнорира наредбите од Де Лаурентис.

„Ил Матино“ пишува дека виновниците за бунтот, пред се Хозе Каљехон и Дрис Мертенс на кои им истекуваат договорите на крајот од сезоната, ќе бидат казнети и продадени во зимскиот преоден рок.
Идното лето се очекува вистинска револуција во Наполи, медиумите тврдат дека Де Лаурентис ќе ги натера фудбалерите да го платат цехот и дека Анчелоти ќе си замине од клубот. Де Лаурентис му е лут на Мертенс бидејќи веднаш по натпреварот со Салзбург му рече Еду, „Пренеси му на татко ти дека ќе си одиме дома“.

Ексцентричниот претседател на Наполи ги отфрла заканите за тужба од фудбалерите бидејќи според него, Наполи како клуб има прав да ги однесе фудбалерите во карантин и демантира дека тоа претставува казна за играчите поради лошите настапи сезонава.

Освен Мертенс и Каљехон, едни од најгласните заговорници на бунтот против Де Лаурентис се и Алан кој влезе во вербален дуел со синот на претседателот и на кој паднаа тешки зборори и Калиду Кулибали.
Де Лаурентис има силни сојузници во градот Неапол и во навивачите кои сметаат дека фудбалерите го предадоа Наполи и мораат да бидат казнети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот