Откриена вистинската причина за смртта на Мерима Његомир: Ја лекувале од бактерија додека ја јадел карциномот!

мерима његомир
Мермира Његомир / Фото: Принтскрин Јујтјуб

Поминаа четириест дена откако почина пејачката Мермира Његомир. Таа беше погребана на Новите гробишта во Белград каде последна почит ѝ оддадоа нејзините најблиски.

Како што пишуваат српските медиуми, Мерима наводно не починала од рак, туку од сепса.

„Пет месеци ја лекувале со погрешна дијагноза. Ја лекувале од хеликобактерија, која ја немала додека ја јадел карциномот. Самоиницијативно отиде на лекар на 30.08 каде ѝ беше откриен ракот. Умре од сепса, два дена не доби антибиотици бидејќи чекаа антибиограм“, изјавил анонимен извор близок до нејзиното семејство.

Да потсетиме, легендарната Мерима Његомир е родена на 9 ноември 1953 година во Белград. Живееше и работеше во Белград. Зад себе остави повеќе од 25 албуми, отпеа бројни безвременски хитови како „Иванова корита“, „Рузмарин“, „Због тебе“ и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот