Откриена тајната на омилениот божиќен филм!

IMDB

Поминаа полни 29 години откако е снимен филмот „Сам дома“, задолжителен ден од боиќната приказна. Главната ѕвезда Мекколи Калкин (39) имал само 10 години кога филмот искочил, а актерот во филмот го играл ликот на 8-годишниот Кевин Меккалистер кој случајно останува сам дома.

Овој култен филм ги освои срцата на скоро сите луѓе ширум светот и e задолжителен филм за зимскиот период и празниците. Тој навистина ја збогатува новогодишната атмосфера.

Во овој филм главниот лик е Кевин Меккалистер, на кој сите деца му се восхитуваа.

Бидејќи неговото семејство е големо, родителите го забораваат додека во брзање се спремаат за на пат. Момчето набрзо станува мета на провланици кои сакаат да го ограбат неговиот дом, а тој прави се за да не им дозволи.

IMDB

Како и сите популарни содржини во светот, така и „Сам дома“ стана жртва на теориите за заговор на различни форуми. Така, корисниците на Редит започнаа тема и заклучија дека семејството намерно го оставило Кевин дома и дека тоа може да се примети од неколку суптилни реакции.

Instagram

„Неговото семејство неколку пати го проверуваше списокот додека ги делеше картите, така што Кевин не ни бил на списокот“, тврди еден од корисниците.

После објавениот статус, некои отишле уште подалеку и започнале дебата за тоа дали таткото на Кевин можеби намерно ги пратил крадците.

Дали и вие се согласувате со овие теории на заговор или сметате дека сепак се премногу?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот