Откако Врховниот суд не дозволи ново судење за „Диво насеље“, адвокатите ќе тужат во Стразбур

Диво Насеље судење
Судењето за „Диво насеље“ / Фото: МИА

Одлуката на Врховниот суд да не дозволи повторување на судењето за случајот „Диво насеље“ одбраната ја смета за „флагрантно прекршување на законот“, бидејќи не се земени предвид нејзините докази, објави Алсат. Адвокатот Насер Рауфи оценува дека со оваа одлука се отворила можноста предметите да бидат испратени до судот во Стразбур.

“Сега имаме време и временски интервал од три месеци да поднесеме барање до Судот во Стразбур за човекови права, и оваа работа ќе ја направиме. Ние како одбрана мислам дека тимски ќе одиме со апликација за сите осуденици, вели Рауфи.

Тој додава дека со оваа одлука може да се формира тим за правна помош од меѓународната заедница.

“Мислам дека согласно законот за кривична постапка, мислам дека може да се направи да се формираат тимови од обвинителството на Северна Македонија и земјите инволвирани во овој случај, Република Косово, Албанија и Германија каде што има државјани на овие држави“, додава адвокатот Рауфи.

Косовската претседателка Вјоса Османи на крајот на минатата година зборуваше за можна меѓународна истрага за овој случај, по средбата со шефот на македонската држава Стево Пендаровски во Приштина.

„Видовме дека и самиот премиер Зоран Заев изрази подготвеност дека може да има меѓународна истрага или вмешаност на експерти од странство кои ќе се соочат со доказите поврзани со овој случај и ќе помогнат да се расветли случајот до крај. Во овој поглед, Република Косово ќе ја обезбеди сета потребна поддршка“, изјави Османи.

Основниот суд Скопје на 02.11.2017 ги осуди членовите на кумановската група обвинети за тероризам на вкупно 746 години затвор за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово. Вкупно 37 лица се обвинети за тероризам, од кои седуммина се осудени на доживотен затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот